Во Варшава, Полска, од утре до 25 април ќе се одржува Европското првенство за сениори. Нашата репрезентација, предводена од селекторот Љуљзим Вренези ќе биде преставувана од четири борачи и тоа: Владимир Егоров (61 кг), Фати Вејсели (70 кг), Дејан Митров (79 кг) и Магомедгаџи Нуров (97 кг). Вејсели, Митров и Нуров ќе се борат во понеделник, додека Егоров ќе настапи во вторник.