Во организација на БФРСМ и Светската Боречка Асоцијација УВВ во Кочани се организира курс за тренери и судии.
Курсот започна од 02.05.2022г и ќе трае до 09.05.2022година.
Едукарори се Георги Средков од Р.Бугарија -едукатор за тренерски дел и едукатор за тренери е Давор Петањек од Хрватска.
Курсот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел се одрчува во Конференциска Сала во Хотел Сити Ин -Кочани, а практичниот дел во Спортската Сала во Кочани.
Особено не радува што нашите тренери и судии се вклучени максимало и се трудат да стекнат повеќе знаење, кое ќе можат да го пренесат на нашите борачи.
Благодарение на нашите едукатори,кои несебично го пренесуваат своето знаење на нашите тренери и борачи,Олимпискиот Комитет, организаторите од БФРСМ и секако Светската Боречка Асоцијација ќе успееме да го издингнеме борењето во нашата држава на едно повисоко ниво.
БФРСМ во иднина ќе се залага за повеќе вакви проекти.