На ден 09.11.2021 година делегацијата од БФРСМ во состав од Претседателот на БФРСМ– Дејан Богданов,Спортскиот директор Сократ Ефтимовски,Генералниот секретар Љубомир Лазаревски и техничкиот секретар на БФРСМ Драгана Савева остварија договорена средба со Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
На средбата која помина во пријатна атмосвера Претседателот на БФРСМ Дејан Богданов го информира Градоначалникот Костадинов за одржувањето на претстојниот 45 -ти традиционален меѓународен турнир во борење-слободен стил за Сениори ,,Македонски Бисер “, кој ќе се одржи во Струмица од 19-21.11.2021 во техичка организација на боречки клуб ,,Извор-Јуниор од Струмица” .
На турнирот се очествува да земат учество борачи од повеќе држави меѓу кои и :
Русија,Куба,Англија,Словачка,Романија,Молдавија,Србија,Хрватска,Албанија,Косово,
Бугарија и Репубчика Северна Македонија со А и Б селекција.
Претседателот Дејан Богданов го покани Градоначалникот на Општина Струмица- Костадин Косрадинов да присуствува на овој 45 -ти традиционален меѓународен турнир во борење-слободен стил за Сениори ,,Македонски Бисер “ .
Градоначалникот Костадинов вети максимална подршка од Општина Струмица за успешна организација на овој турнир и пријатен престој на сите учесници во градот Струмица.