Подготовките се реализираа од 18.10.2021-24-.10.2021-во Спортската Сала на СОУ,,Љупчо Сантов,,-Кочани, на кои земаа учество 35 борачи во повеќе тежински категории.
Со подготовките раководеше стручниот тим со тренерите:
Горан Стојанов, Бејтула Алими, Горан Атанасов, Нехад Џафери, Ангел Стефанов и Игор Неделковаки, кои ги оценија подготовките ги оценија како успешно реализирани.
На сите борачи и стручниот тим,учесници на наведеното првенство Боречката Федерација на Република Северна Македонија им додели комплетна репрезентативна опрема.
До присатните спортисти и стручниот тим се обрати претседателот на БФРСМ-Дејан Богданов,кој искажа дека и во идниот период Федерацијата ќе вложува за подобрување на условите а тренинзи и им посака успешен настап на Балканското Првенство и Медитерански Игри.
Спортскиот директор- Сократ Ефтимовски пред младите борачи се обрати дека од оваа генерација млади борачи очекуваме да бидат носители на медали од Европски и Светски првенства со што ќе докажеме дека борењето и понатака останува нашиот најтрофен Спорт.
Сите учесници организирано заминаа во Ксанти,Грција на 27.10.2021 година.