45-ти Македонски Бисер во Струмица

Почитувани,

На ден 20.11.2021 година во град Струмица ќе се одржи 45-ти Традиционален Меѓународен Турнир во борење, слободен стил за Сениори.

Турнирот е од големо значење за БФРСМ и РСМ.

Имаме најавено учество од врвни борачи од различни држави како што се:

Русија,Англија,Куба,Косово,Хрватска,Молдавија,Србија,Грција,Албанија,Бугарија,Словенија и секако нашиот тим, борачите на Република Северна Македонија.

Борбите започнуваат на 20.11.2021(сабота) во 10:00 часот а финалните борби и свеченото отварање и доделување на медалите од 17:00 часот.