По пријавата поднесена од страна на БК Безбедност, БК Тигар и сега веќе непостоечкиот клуб во БФРСМ, БК Олимпија до Меѓународната Светска Боречка Федерација (УВВ), истата, во текот на минатиот ден одговори со писмо до нашата федерација и клубовите подносители.
Во ова писмо, Генералниот Секретар на УВВ, г-дин Мичел Дусон, меѓу другото вели дека БФРСМ е во добра позиција во УВВ, за што говори редовното пријавување на борачи на секое меѓународно првенство, како и аплицирањето на нашата федерација до Обединетото Светско Борење (UWW) за техничка помош и програми за развој како и за грантови за Олимписка солидарност за развој на спортот во Републиката Северна Македонија во соработка со Националниот Олимписки Комитет и Обединетото Светско Борење (UWW).
Тоа што е најчудно за г-дин Дусон е дека два од трите клубови кои пратиле пријава до УВВ, потписник или одговорно лице имаат исто лице.
Во продолжение, целосното писмо добиено од УВВ, на англиски јазик и преведено на македонски јазик.