На ден 10.11.2021 делегацијата на БФРСМ во состав од Претседателот Дејан Богданов,Спортскиот Директор Сократ Ефтимовски, Генералниот Секретар Љубомир Лазаревски и Техничкиот Секретар на БФРСМ Драгана Савева одржаа деловна средба со Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Претставниците на БФРСМ беа пријатно пречекани од страна на Градоначалникот Костадин Костадинов.
На оваа средба претседателот на БФРСМ-Дејан Богданов го информира Градоначалникот на Општина Струмица за претстојниот
45 -ти Традиционален Меѓународен Турнир во борење-слободен стил за Сениори ,,Македонски Бисер “ – кој оваа година ќе се одржи во градот Струмица од 19.11.2021 и ќе трае до 21.11.2021 година.
На турнирот планирано е да земат учество борачи од повеќе држави меѓу кои и :
Русија,Куба,Романија,Молдавија,Албанија,Хрватска,Бугарија,Србија,Англија Словачка,Косово и репрезентацијата на Република Северна Македонија со тим А и Б селекција.
Турнирот оваа година е во техничка организација на боречкиот клуб
,,Извор-Јуниор” од Струмица.
Градоначалникот Костадинов ни вети максимална подршка за успешна организацијата на овој турнир и пријатен престој на учесниците во Градот Струмица.
Претседателот Богданов го покани Градоначалникот на Општина Струмица да присуствува на четериесет и петото издание на Меѓународниот Турнир -,,Македонски Бисер”.
Борбите ќе се одржат на 20.11.2021(сабота) со почеток од 10:00 часот, борбите за трето и петто место од 16:00 часот а Свеченото Отварање,Финалните Борби за прво и второ место и доделувањето на медалите со почеток од 17:00часот.