Претседателот Вренези и Томче Андоновски ги посетија борачите

18 борачи од репрезентацијата на Северна Македонија за кадети, јуниори и сениори до 23 години, продолжуваат со базичните подготовки во Маврово, кои почнаа на 26 јуни, додека истите ќе траат три недели. Според информациите кои ги добиваме од тренерите Седат Бафтија, Суфијан Исмаили и Давор Тасев, подготовките течат во најдобар можен ред, додека условите кои ги овозможи раководстовот на федерацијата се одлични.

Во текот на минатите денови, на посета на борачите беа и претседателот на федерацијата, Бетим Вренези, Томче Андоновски, одговорен во Сектор Спорт на Агенција за Млади и Спорт, како и Љубомир Лазаревски, технички секретар на БФРСМ. Во нивната посета, горенаведените имаа долги разговори со тренерите на репрезентацијата, но и со репрезентативците, дел од овие подготовки.

Томче Андоновски и Бетим Вренези со европскиот кадетски првак Бесир Алили

Во обраќањето пред тренерите и борачите, претседателот на БФРСМ изрази огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и нејзиното раководоство, за огромната подршка која ја даваат на борењето како спорт, додека Томче Андоновски ја пофали досегашната ангажираност на раководството на БФРСМ за овозможувањето на што е можно подобри услови за репрезентативците.