Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) на 17-ти и 18-ти Декември 2021 година, во СЦ Јане Сандански се реализираше дел од новата Олимписка програма (2020-2024) за селекција и идентификација на млади спортски таленти кои ќе бидат предмет на можно учество на идните мулти спортски настани во организација на ОКСМ (летен и зимски Европски младински олимписки фестивал, Медитерански игри, Медитерански игри на плажа, Европски игри, Светски игри на плажа, летни и зимски Младински Олимписки игри, летни и зимски Олимписки игри како и други мулти спортски настани).
Првиот ден беше наменет за обука на националните тренери и/или спортски директори односно стручни лица од соодветните НСФ-ии и за таа цел – од Боречка Федерација на Република Северна Македонија на овој настан учествуваа тренерите Ангел Стефанов од БК Балканец и Игор Неделковски од БК Вардар.
Тренерите Неделковски и Стефанов Ден 1 наменет за обука на националните тренери
Тренерите Неделковски и Стефанов учествуваа на обуката за тренерите и тестирањето на Млади Олимписки Спортски Надежи од ОКСМ и изјавија дека се задоволни од тестирањата,нормативите и перформаните кои ги покажаа нашите млади борачи.
Вториот ден,беше предвиден за селекција и идентификација на млади надежни спортисти и за таа цел присуствуваа дел најдобрите млади спортистки и млади спортисти (две момчиња и две девојчиња), на возраст од 15 и 16 години, согласно нивниот наведен спортски резултат, постигнат на настан кој е дел од календарот на БФРСМ.Од нашата федерација за учество на кампот беа избрани Марија Цветанова и Марија Неделковска од девојчињата,а од момчињата присуствуваа Стефан Стојков и Андреј Трајчов.
Марија Цветанова Марија Неделковска Стефан Стојков Андреј Трајчов
Спортистите се пресреќни што беа дел од настанот на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија и ветија дека ќе дадат се од себе за да постигнат што подобри спортски резултати,па во иднина и да ја претставуваат нашата држава на Олимписките Игри.БФРСМ има голема верба и очекувања од нашие млади надежни борачи.