Стипендии од Олимписки Комитет на Северна Македонија за двајца борачи

Боречка Федерација на Република Северна Македонија би сакала да изрази една огромна благодарност до Олимпискиот Комитет на Република Севернна Македонија,со која имаме одлична соработка долг период,благодарност до претседателот Даниел Димевски и канцеларијата на ОКСМ.

Денес (17.02.2022)Претседателот Дејан Богданов успеа да потпише договор со ОКСМ за стипендирање на двајца наши борачи.

Борачите ќе добиваат стипендија секој месец до Олимписките Игри во Париз2024 ,

во вредност од :

-Могамедгаџи Нуров -1300$ месечно

-Владимир Егоров -1100$ месечно.

БФРСМ и ОКСМ имаат одлична соработка долг период која и понатаму продолжува со заеднички планови и проекти за развој на македонското борење,со кои спортистите ќе имаат поголема мотивација за тренинг,натпреварување и успеси во иднина.