Олимписките квалификациони турнири во борење ќе се одржат во 2021 година

Најавите од последниот период сега веќе се официјализираа и Меѓународната Светска Федерација во борење (United World Wrestling), денес официјално информираше дека сите преостанати квалификациони турнири во борење за исполнување на норма за учество на Летните Олимписки Игри следната година, ќе се одржат во текот на 2021 година.

Од УВВ, информираа дека термините за квалификационите турнири ќе останат прилично исти, што би значело дека следната 2021 година, првично во месец март ќе се одржи Европскиот квалификационен турнир, за потоа, кон крајот на месец април да се одржи и последниот филтер за учество на ЛОИ, светскиот квалификационен турнир.