Во Кочани се одржаа подготовки за настап на нашите репрезентативци на Балканско Првенство и Медитерански Игри за Пионери,Кадети во Борење кои ќе се одржат во Ксанти, Грција од 28-31.10.2021 година.

Подготовките се реализираа од 18.10.2021-24-.10.2021-во Спортската Сала на СОУ,,Љупчо Сантов,,-Кочани, на кои земаа учество 35 борачи  во повеќе тежински категории.

Со подготовките раководеше стручниот тим со тренерите:

Горан Стојанов, Бејтула Алими, Горан Атанасов, Нехад Џафери, Ангел Стефанов и Игор Неделковаки, кои ги оценија подготовките ги оценија како успешно реализирани.

На сите борачи и стручниот тим,учесници на наведеното првенство Боречката Федерација на Република Северна Македонија им додели комплетна репрезентативна опрема.

До присатните спортисти и стручниот тим се обрати претседателот на БФРСМ-Дејан Богданов,кој искажа дека и во идниот период Федерацијата ќе вложува за подобрување на условите а тренинзи и им посака успешен настап  на Балканското Првенство и Медитерански Игри.

Спортскиот директор- Сократ Ефтимовски пред младите борачи се обрати дека од оваа генерација  млади борачи очекуваме да бидат носители на медали од Европски и Светски првенства со што ќе докажеме дека борењето и понатака останува нашиот најтрофен Спорт.

Сите учесници организирано заминаа во Ксанти,Грција на 27.10.2021 година.