Бесир Алили го освои петтото место на Европското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, откако во борбата за бронзениот медал во категоријата до 61 кгзагуби 2-11 од Едуард Григорев (Полска).
За младиот Алили и петтото место е успех, покажувајќи дека има талент кој се уште треба да се бруси, а успесите ќе дојдат, бидејќи младоста е на негова страна.
Бесир се бореше храбро до крај и успеа да му се спротиставува на силниот противник од Полска кој по втор пат го освојува Бронзениот Медал на ЕП за Сениори.🥉
за Бесир,тој е најмладиот учесник од нашата репрезентација кој се натпреварува во сениорска конкуренција на ова ЕП за Сениори во Будимпешта,Унгарија.
Бесир има само 19 години и пред него стои многу светла иднина!
Браво за храбрите борби Бесир!🇲🇰❤️