Ул. 1732, бр. 4, 1000 Скопје mkd@unitedworldwrestling.org 075-506-644
Грб на БФСМ БФСМ Боречка федерација на Р. Северна Македонија

Вести

Олимписки камп за идентификација на млади спортски таленти организиран од Македонски Олимписки Комитет

18.12.2021

Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ) на 17-ти и 18-ти Декември 2021 година, во СЦ Јане Сандански се реализираше дел од новата Олимписка програма (2020-2024) за селекција и идентификација на млади спортски таленти кои ќе бидат предмет на можно учество на идните мулти спортски настани во организација на ОКСМ (летен и зимски Европски младински олимписки фестивал, Медитерански игри, Медитерански игри на плажа, Европски игри, Светски игри на плажа, летни и зимски Младински Олимписки игри, летни и зимски Олимписки игри како и други мулти спортски настани).

  • Обука на националните тренери

Првиот ден беше наменет за обука на националните тренери и/или спортски директори односно стручни лица од соодветните НСФ-ии и за таа цел – од Боречка Федерација на Република Северна Македонија на овој настан учествуваа тренерите Ангел Стефанов од БК Балканец и Игор Неделковски од БК Вардар.

  • Тренерите Неделковски и Стефанов
  • Ден 1 наменет за обука на националните тренери

Тренерите Неделковски и Стефанов учествуваа на обуката за тренерите и тестирањето на Млади Олимписки Спортски Надежи од ОКСМ и изјавија дека се задоволни од тестирањата,нормативите и перформаните кои ги покажаа нашите млади борачи.

Вториот ден,беше предвиден за селекција и идентификација на млади надежни спортисти и за таа цел присуствуваа дел најдобрите млади спортистки и млади спортисти (две момчиња и две девојчиња), на возраст од 15 и 16 години, согласно нивниот наведен спортски резултат, постигнат на настан кој е дел од календарот на БФРСМ.Од нашата федерација за учество на кампот беа избрани Марија Цветанова и Марија Неделковска од девојчињата,а од момчињата присуствуваа Стефан Стојков и Андреј Трајчов.

  • Марија Цветанова
  • Марија Неделковска
  • Стефан Стојков
  • Андреј Трајчов

Спортистите се пресреќни што беа дел од настанот на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија и ветија дека ќе дадат се од себе за да постигнат што подобри спортски резултати,па во иднина и да ја претставуваат нашата држава на Олимписките Игри.БФРСМ има голема верба и очекувања од нашие млади надежни борачи.